Вечерва од 20 часот, на Јутјуб каналот на Националната опера и балет (НОБ) ќе има онлајн премиера на балетската претстава „Клеопатра“. Станува збор за една од најпопуларните претстави на НОБ, која премиерно беше поставена во ноември 2016.
Кореографијата е на Василиј Медведев од Русија, либретото е на Јана Темиз од Турција, а музиката на Нерија Цепаите Голдберг од Литванија. Насловната улога ја игра примабалерината Александра Мијалкова, а во екипата се и: Васил Чичијашвили, Бобан Ковачевски, Марија Кичевска-Шокаровска и Мими Поп Алексова-Атанасовска.