Министерот за здравство Венко Филипче најави дека Македонија наесен несомнено ќе се соочи со втор бран на зараза, додека уште две лица починаа од КОВИД-19.
- Седумдесет и седумгодишен тетовец и 78-годишен скопјанец се последните две жртви на КОВИД-19 во земјата.
- Од почетокот на кризата починаа 106 лица.
- Регистрирани се 22 нови случаи на коронавирус (од 533 тестирања), од кои осум во Скопје, четири во Велес, три во Тетово, по два во Штип и Прилеп и еден во Струга, Гостивар и Свети Николе, прв во овој град досега.
- Во Македонија досега има 1.839 заразени, од што 382 се активни случаи.
- Бројката оздравени изнесува 1.351, 50 повеќе во однос на вчера.
- Министерот Филипче објави дека здравствените установи низ земјата се опремуваат и зајакнуваат во пресрет на очекуваниот втор бран на зараза, кој би требало да се случи наесен.
- „Сите студии покажуваат дека ќе има втор бран. Ќе го дочекаме целосно подготвени“, кажа Филипче.