МОНОГРАФИЈАТА „МАНАКИ“ ОД ИГОР СТАРДЕЛОВ ДОСТАПНА НА САЈТОТ НА КИНОТЕКАТА

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Монографијата „Манаки“ од Игор Старделов, издание на Кинотеката од 2003 година, е поставена на нејзината интернет страница.

Старделов е раководител на Одделението за заштита на филмови и филмски материјали (Филмски архив) на Кинотеката. Објавил повеќе научни трудови од областа на историја и теорија на филмот во домашни и странски списанија, а, меѓу другото, раководел и со проектите за реставрација на филмските ленти и дигитализација на филмовите на браќата Манаки.

Монографијата е заокружен научен труд за дејноста, значењето и активноста на првите сниматели на Балканот, браќата Јанаки (1878-1954) и Милтон Манаки (1880-1964) и дава нови сознанија за нивната фотографска, филмска и киноприкажувачка дејност. Во 2014, таа беше преведена на турски јазик.