„МИЦУБИШИ ИКЛИПС КРОС“ ОСВОЈУВА ПЕТ ЅВЕЗДИЧКИ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА СИТЕ КОНТИНЕНТИ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)
2018 Eclipse Cross

Новиот „мицубиши иклипс крос“ освои максимални пет ѕвездички на тестот на Австралиско-азискиот независен институт за безбедност, АНЦАП, што е високи 97% од максималното рангирање за заштита на возрасни патници, односно 80% за заштита на пешаци.

Новиот систем на „Мицубиши“ за предупредување на опасност од судир се покажа како врвен уред и помогна успешно да се избегнат сите тестови на судир при различни брзини на движење.

На овие тестирања, „мицубиши иклипс крос“ се покажа побезбеден и поцврст во однос на сите тестирани конкурентни возила, и тоа од повисоката луксузна класа, при што е забележана и значително подобра заштита на патниците во возилото.

Неодамна, „мицубиши иклипс крос“ ги покажа овие резултати и на Европскиот институт за безбедност, Еуро НЦАП.

Новиот „иклипс крос“ премиерно беше претставен на американскиот континент, на Саемот за автомобили во Лос Анџелес.