НОВ РЕКОРД ПО 24 ЧАСА – 180 НОВОЗАРАЗЕНИ СО КОРОНАВИРУС, БРОЈКАТА АКТИВНИ СЛУЧАИ ПОГОЛЕМА ОД 1.000

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)
An ambulance carrying patient infected with the novel SARS-CoV-2 coronavirus causing the COVID-19 disease arrives at the University Clinic for Infectious Diseases in Skopje, North Macedonia, 05 June 2020. The North Macedonian government has implemented again stricter measures to slow down the spread of the pandemic disease in the small West Balkan country. A curfew has been put in place between until 08 June.

Министерот за здравство Венко Филипче изјави дека вирусот слабее, иако бројката нови случаи на коронавирус во земјата денеска достигна нови рекордни височини, од што најголем дел отпаѓа на Скопје.

  • Пациент од Кумановско (52 години) и 68-годишна скопјанка се последните жртви на КОВИД-19 во земјата.
  • Вкупната бројка починати сега изнесува 149.
  • Во изминатите 24 часа се потврдени дури 180 нови случаи на зараза (од 1.272 тестови), дури 60 повеќе во однос на вчера.
  • Дури 109 од новите случаи се во Скопје, па следуваат Куманово со 26, Штип со 15 и Тетово со 12, Дебар го потврди враќањето на вирусот по 45 дена, а Битола по две недели.
  • Во Македонија досега има 2.790 заразени со коронавирус, додека бројката активни случаи порасна на повеќе од 1.000, а 1.632 лица оздравеле.
  • „Порастот на бројката на позитивни случаи во изминатите денови се должи на зголемениот обем на тестирања на асимптоматски случаи и на лица во изолација. Вирусот значително слабее, речиси 90 проценти од новозаболените се со лесни симптоми“, кажа Филипче.