ГАЛЕРИЈА ВО ПАРИЗ ИМ ДАВА НА ГОСТИТЕ ШАПКИ СО КРИЛЈА ЗА ДА ДРЖАТ ДИСТАНЦА

Париз, (Ројтерс)

Уметничка галерија во Париз се инспирираше од древна Кина во намерата да се одржува физичка дистанца и за своите посетители изработи шапки со додатоци во вид на крилја.

Хартиените шапки во разни бои се направени според модел на шапка од династијата Сонг, која владеела со Кина од 960 до 1279 година. Имаат додатоци кои се доволно долги за да ги држат посетителите на еден метар растојание едни од други, што е задолжителната физичка дистанца во Франција за заштита од ширењето на коронавирусот.

Првиот цар од династијата Сонг им наредил на неговите соработници да носат вакви шапки за да не можат да озборуваат без да бидат слушнати.

„Во минатото, овие шапки се носеле за да се спречат јавните службеници да шепотат. Денес ги носиме за да се заштитиме од КОВИД-19“, изјави Доминик Пузол, дизајнерот на шапките за галеријата.