Мајкл Џордан ќе донира 100 милиони долари на организации кои се борат за расна еднаквост и социјална правда. Кошаркарската легенда кажа дека тој и неговиот бренд „Џордан“ ќе ги дистрибуираат парите во наредните десет години.
Ова следува откако Американците повторно излегоа на улица за да протестираат против полициска бруталност и расизам, како реакција на смртта на Афроамериканецот Џорџ Флојд, кој почина на 25 мај во Минеаполис додека беше приведуван од полицијата.
„Заедницата, владата и граѓанските лидери мора да ги здружат силите за да се направи трајна промена“, изјави Крег Вилијамс, претседателот на „Џордан бренд“.
Џордан неодамна кажа дека е „тажен, гневен и длабоко потресен од она што се случува во Америка“.