КНИГАТА ЗА МАКЕДОНСКИОТ АМАТЕРСКИ ФИЛМ НА ИЛИНДЕНКА ПЕТРУШЕВА ДОСТАПНА НА САЈТОТ НА КИНОТЕКАТА

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Книгата „Време на игри и соништа (аматерскиот филм во Македонија од 1935 до 2011 година)“ на Илинденка Петрушева е достапна за бесплатно преземање од сајтот на Кинотеката на следниов линк.

Петрушева е филмски критичар, историчар на филмот и есеист. Еден е од основачите на Кинотеката на Македонија во 1974. Таму работеше како советник-филмолог до своето пензионирање, со исклучок на периодот од 1999 до 2001, кога беше советник на министерот за култура за кинематографска и драмска дејност. Автор е на уште неколку книги од областа на филмот.

Петрушева е еден од основачите на Фестивалот на филмската камера „Браќа Манаки“ во Битола и член на Меѓународната асоцијација на филмските критичари. Добитник е на државната награда „Св. Климент Охридски“ за 2017 година во областа на културата и уметноста.