Твитер објави дека ќе исфрли од употреба програмерски термини како „slave“ (роб), „master“ (господар) и „blacklist“ (црна листа) и ќе ги замени со поинклузивни зборови.
Овие термини често се користат во програмирањето кодови и датираат од пред неколку децении. Според експертите, менувањето на термините ќе ја чини фирмата неколку милиони долари и би можело да трае со месеци.
„Јазикот што во Твитер го користевме за нашите кодови не ги одразува вредностите на компанијата, ниту ги претставува луѓето на кои им служиме. Сакаме да го промениме тоа“, објави компанијата.