Гувернерот на Њујорк Ендрју Куомо објави инвестициска програма која предвидува вложување на 750 милиони долари во проширување на инфраструктурата за електрични автомобили, како дел од долгорочната стратегија за намалување на штетните емисии.
Ова, меѓу другото, вклучува отворање на повеќе од 55.000 станици за полнење до 2025 година.
Иако продажбата на електрични автомобили значително порасна во изминатите години, тие сочинуваа помалку од 2% од вкупната продажба на нови автомобили во САД во 2019. Некои истражувања покажаа дека ова во голем дел се должи токму на недоволниот број на станици за полнење.
„Крајната цел на иницијативата е да имаме повеќе електрични возила на патиштата“, изјави Куомо.