„ШЈАОМИ“ ГО ПРЕТСТАВИ ПРВИОТ ПРОВИДЕН ТЕЛЕВИЗОР НА СВЕТОТ

Пекинг, (Дезин)

Кинеската електронска компанија „Шјаоми“ го претстави својот провиден телевизор „Mi TV Lux“, кој прикажува слика за која се добива впечаток како да лебди во воздухот.

Опишан како прв на светот, „Mi TV Lux“ има целосно провиден екран кој изгледа како обично стакло, со што гледачите можат да гледаат низ него. Ваквиот изглед е овозможен благодарение на технологијата на провидна органска светлечка диода (ОЛЕД).

Правоаголниот екран на телевизорот има големина од 55 инчи, додека неговата ултратенка широчина изнесува само 5,7 милиметри. Екранот е способен да прикажува 1,07 милијарди комбинации на бои.

Според „Шјаоми“, ова е првиот провиден телевизор на светот кој оди во масовно производство. Тој ќе се продава во Кина по цена од 5.500 фунти.