Време е да се навикнеме на терминот пента камера, под што се подразбира камера со пет сензори.

Кинеската компанија „Шјаоми“ најави нов смартфон наречен „ЦЦ9 про“, кој ќе содржи импресивен додаток: задна пента камера со 108 мегапиксели и оптички зум 5х.

„Шјаоми“ веќе има телефон со камера со 108 мегапиксели, но „ЦЦ9 про“ е прв што ќе оди во широка продажба. Иако бројот на мегапиксели се чини претеран, овој телефон, всушност, користи техника чија цел е правење поостри, посветли фотографии од 27 мегапиксели.

Досега се имаат појавено телефони со пет задни камери (нокија 9 пјурвју) или со оптички зум 5х (хуавеи П30 про), но новиот модел на „Шјаоми“ е прв кој го спојува ова. „Шјаоми“ досега не важеше за лидер на полето на смартфон фотографија, но успеваше да ѝ парира на конкуренцијата со поповолните цени.

Засега нема други детали за „ЦЦ9 про“, освен дека ќе биде промовиран на 5 ноември.