МЈУЗИКЛОТ „ДИЈАНА“ ЌЕ ИМА ПРЕМИЕРА НА „НЕТФЛИКС“ ПРЕД ДА СЕ ИЗВЕДЕ НА БРОДВЕЈ

Њујорк, (Би-Би-Си)

Мјузиклот „Дијана“ ќе има премиера на „Нетфликс“ следната година пред да дебитира на Бродвеј, во досега невиден потег за забавната индустрија, која тешко се справува со пандемијата на коронавирусот. Театрите на Бродвеј остануваат затворени до крајот на годината, а премиерата на мјузиклот заснован врз животот на принцезата Дијана треба да се случи на 25 мај.

Неговата филмска верзија, во која ќе игра оригиналната театарска актерска постава, ќе биде снимена без публика во Њујорк. „Нетфликс“ засега нема објавено кога тој ќе се најде во неговата понуда.

Ова е првпат во историјата бродвејска претстава да оди директно на малите екрани пред да има театарско деби.