ЧЕТВРТАТА СЕЗОНА НА „КРУНА“ ДОАЃА НА 15 НОЕМВРИ

Лондон, (Си-Ен-Ен)

„Нетфликс“ објави дека четвртата сезона на популарната и наградувана серија „Круна“ ќе почне да се прикажува од 15 ноември.

Во соопштението од стриминг гигантот стои дека во оваа сезона, која го опфаќа периодот од крајот на 1970-ите, кралицата Елизабета Втора, која ја игра Оливија Колман, заедно со семејството се фокусирани на зачувување на линијата на наследници на тронот, со тоа што бараат соодветна сопруга за принцот Чарлс (Џош О’ Конор), кој на 30 години сѐ уште е ерген.

Во оваа сезона ќе ги видиме и првата жена премиер на Велика Британија, Маргарет Тачер, која ја игра Џилијан Андерсон и принцезата Дијана (Ема Корин).

„Нешто толку важно како монархијата едноставно не смее да се дозволи да пропадне”, вели Колман на почетокот на трејлерот.

„Круна“ ќе има уште две сезони, кога главните улоги ќе ги играат Имелда Стонтон и Џонатан Прајс.