„Нетфликс“ го одложи денешниот онлајн настан на кој требаше да биде објавен трејлер за „Ma Rainey’s Black Bottom“, последниот филм што го сними Чедвик Боузман.
Четириесет и тригодишната ѕвезда на „Блек Пантер“ почина во саботата од рак на дебело црево и неговото семејство објави дека сѐ што снимил во изминатите четири години било меѓу многубројните операции и третмани со хемотерапија.
Филмот е адаптација на драма на Огаст Вилсон и зборува за „кралицата на блузот“ Ма Рејни и нејзиниот бенд во 1920-ите. Боузман во филмот игра покрај Вајола Дејвис и Колман Доминго. Според холивудските медиуми, сѐ уште е во план филмот да излезе оваа година.
„Боузман беше суперхерој и на филм и во животот. Невозможно е да се замисли да работиш на тоа ниво додека се бориш со тешка болест. Тој ќе остане инспирација за милиони луѓе“, кажа шефот на „Нетфликс“, Тед Сарандос.