МНТ ЈА ПОЧНА СЕЗОНАТА ПО КОВИД ПАУЗАТА СО АПЛАУЗ ВО ЧЕСТ НА МЕДИЦИНСКИТЕ ЛИЦА (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Со претстава и аплауз посветени на здравствените работници во земјава, Мaкедонскиот народен театар (МНТ) синоќа ја почна новата сезона по паузата од осум месеци поради коронакризата.

За изведбата на „Говорна мана“, МНТ ги покани лекарите и медицинскиот персонал од Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, Градската општа болница (ГОБ) „8 Септември“ и од Детската болница во Козле, епидемиолозите и матичните лекари или, како што велат, „хероите на ова време“.

Во претставата играат Игор Џамбазов, Сашка Димитровска, Ивица Димитријевиќ, Арна Шијак, Ана Стојановска и Билјана Јовановска.

Фото: К. ПОПОВ