57 АВТОРИ УЧЕСТВУВААТ НА ГОДИШНАТА ИЗЛОЖБА НА ДЛУМ ВО МАЛА СТАНИЦА

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Годишната изложба на Друштвото на ликовни уметници (ДЛУМ) ќе се отвори вечерва во 19 часот во Мала станица. На отворањето ќе може да присуствува ограничен број посетители, а изложбата ќе може да се види до 30 октомври.

На изложбата учествуваат 57 автори, членови на ДЛУМ, кои се претставуваат во категориите сликарство, скулптура, графика и нови медиуми. Наградата за сликарство ја доби Мирослава Микица Трујкановиќ за делото „Молитвеник за сите“, наградата за скулптура Слободан Милошески за „Запознавајќи се себеси“, а наградата за нови медиуми ѝ припадна на Ана Ивановска за делото „Без здив“.

Годишната изложба на ДЛУМ се одржува од 1945 година.