„Релапс“ е насловена изложбата на уметникот Иван Ивановски, која ќе се отвори вечерва во 20 часот во Галеријата на Младински културен центар (МКЦ).
„Релапс“, вели кураторот Владимир Јанчевски, е сложена целина составена од неколку серии слики во различни формати, кои на интересен начин се испреплетуваат на галериските ѕидови, особено преку специфичното фрагментирање во каталогот.
„Иван Ивановски поставува едно клучно прашање за позицијата на човекот во урбаната средина како маргинален елемент, за дезориентацијата, за обидите да се разбере времето во постисториската сегашност“, вели Јанчевски.