КИНА ГО ЛАНСИРАШЕ ПРВИОТ 6Г САТЕЛИТ НА СВЕТОТ

Пекинг, (Би-Би-Си)

Кина го претрка светот и го лансираше во вселената првиот 6Г сателит, со цел да ја тестира оваа технологија, објавија тамошните медиуми.

„Експерименталниот 6Г сателит ќе ја испита терахерц комуникациската технологија во вселената, што е прв таков тест“, изјави Шју Јангшенг, професор на Кинеската академија за инженеринг.

Оваа технологија ќе биде еден од основните елементи на шестата генерација комуникации и се очекува да биде повеќе од 100 пати побрза од 5Г.

Според универзитетот во Оулу (Финска), 6Г технологијата е сѐ уште во свој повој и допрва треба да надмине неколку технички пречки во основните истражувања, хардвер дизајнот и во нејзиното влијание врз животната средина.