Вештачка новогодишна елка, за која се верува дека е најстара во Велика Британија, повторно е украсена по 100. пат.
Таа ѝ припаѓа на 66-годишната Кеј Ештон од Шефилд, која вели дека елката, која ги преживеала и нацистичките бомбардирања, сега се одржува со помош на селотејп. Нејзината баба Елизабет Нејлор ја купила елката за два шилинга во 1920 година и оттогаш останала дел од семејството.
„Баба ми ќе беше апсолутно воодушевена да знае дека елката сѐ уште стои. Елката по малку стана семејна шега и сестра ми често ме зафркава за неа“, вели Ештон.
Шеесет сантиметри високата елка била погодена од шрапнел при нацистички напад во 1940 година и потоа била поправена со селотејп.
„Таа сѐ уште изгледа многу привлечно“, вели Ештон.