Јусуфа Мукоко синоќа испиша историја, станувајќи најмладиот фудбалер кој заиграл во Лигата на шампионите досега.
Напаѓачот на Борусија Дортмунд настапи на средбата со Зенит на возраст од 16 години и 18 дена, надминувајќи го рекордот на Нигериецот Селестин Бабајаро, кој беше 69 денови помлад кога во 1994 играше за Андерлехт против Стеауа. Мукоко минатиот месец го урна и рекордот на германската Бундеслига, кога настапи на средбата против Херта еден ден пред својот 16. роденден.
Мукоко е роден во Камерун, но веќе дебитираше за младите селекции на Германија. Тој постигнал 192 гола на 123 младински натпревари пред да премине во професионалци и денес заработува 6.500 евра неделно во Борусија. Мукоко лани потпиша и повеќегодишен договор со „Најки“, вреден девет милиони долари.