ГЕРМАНСКИ АКТИВИСТИ СО ФОТО-КАЛЕНДАР СО 365 ВУЛВИ САКААТ ДА ЈА ПОДИГНАТ ЖЕНСКАТА САМОДОВЕРБА

Берлин, (ДПА)
A member of the Germany-based collective "Vulvaversity" holds an origami model of a vulva illuminated by a ring light used for the close-ups of vulvas in the collective's calendar. The group published a calendar for 2021 featuring 365 vulvas, one for every day. Photo: Philipp von Ditfurth/dpa

Како изгледа „нормалната“ вулва? Тотално поразлично. Tоа е она што го прикажува календарот со 365 интимни фотографии одблизу, дизајниран од активисти од германскиот град Фрајбург, кои со нивниот проект сакаат да им дадат самодоверба на жените и да ги разбијат постоечките митови за вулвата.

Вулвата претставена на 12 февруари е избричена и розева, на 2 јули е потемна и влакнеста, додека на 2 октомври има пирсинг. Креаторите на проектот „Вулваверсити“ не користеле филтри за фотографиите прикажани на страници во А5 формат и ги советуваат луѓето добро да ги погледнат.

Она што ја мотивирало уметницата и културолог Индра Кестер е тоа што нема слики од вулва што не изгледаат порнографски, дури ни во учебниците по анатомија. Во тимот биле уште три лица: уметник, режисер и едукатор.

„Ние сакаме да мислиме дека сме просветлено општество, но скоро ништо не знаеме за вулвата. На пример, многумина го замислуваат клиторисот како мало место. Во реалноста, тоа е орган сам по себе, голем дел од него се наоѓа внатрешно и не е типично видлив”, вели коосновачот на „Вулваверсити“, Гвен Вајсер.

Таа смета дека постои лингвистичка конфузија, при што многумина зборуваат за вагината кога мислат на вулвата и обратно.

„Вулвите прикажани во порнографијата се без влакна, имаат внатрешни усни, кои едвај се гледаат. Тие никогаш не крвават, нема слуз, никогаш не се прикажуваат откако жена ќе се породи, а бојата им е иста како на остатокот од телото“, вели Вајсер.