Спектакуларните ерупции на вулканот Етна го достигнаа својот врв вчера, кога исфрлуваше лава до височина од 1.500 метри, што експертите ги опишаа како едни од највпечатливите во изминатите неколку децении.
Најактивниот вулкан во Европа е експлозивен веќе неколку недели и пепелта стигна и до градот Катанија. Експертите велат дека ова се нормални активности на повеќе од 3.300 метри високиот вулкан.
„Етна прикажува вистинско шоу овие денови. Ова несомнено е најсилната експлозија во јужниот кратер, кој беше откриен во 1971 година. Иако вака високи експлозии не сме виделе со години, нема опасност по локалното население, со исклучок на чадот, кој може да предизвика проблеми со дишењето“, изјави вулканологот Марко Нери.
Синоќа околу 23 часот, фонтаните од лава, окружени со џнновски облаци од чад, достигнале височина од 1.500 метри, додека илјадници парчиња карпи беа исфрлени од кратерот неколку километри нагоре.
„Ова се сосема нормални работи за Етна, иако секој пат сѐ изгледа поголемо, посилно и позаканувачко“, изјави Борис Бенке од Националниот институт по геофизика во Катанија.