СТРАСТ ЗА ЛУТАЊЕ – ТЕМА НА КОНКУРСОТ ЗА 13. БИЕНАЛЕ НА МЛАДИ УМЕТНИЦИ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Музејот на современа уметност (МСУ) го објави повикот за учество на 13. Биенале на млади уметници, кое ќе трае од 5 мај до 1 септември, а темата е страст за лутање. Повикот е отворен до 20 март и важи и за македонски и за странски автори.

„Ги каниме младите уметници на движење без цел. Покануваме ‘скитници’, со надеж дека ова движење неочекувано ќе открие и ќе дојде до нови територии“, велат од МСУ.

Можат да аплицираат уметници на возраст од 18 до 35 години и тоа преку [email protected], со назнака: Пријава за Биенале на млади уметници. Авторите конкурираат со едно свое дело, настанато во периодот од 2018 до 2021 година. За резултатите од конкурсот уметниците ќе бидат известени до 1 април.