Северна Австралија речиси цела недела беше изложена на поројни дождови, што предизвика најголеми поплави во регионот на Сиднеј во изминатите 60 години. Тоа создаде уште една ретка глетка: водопади на Улуру, песочна карпа среде сува рамница во Северна Територија, што важи за едно од обележјата на Австралија.
Вообичаено сувиот предел за само два дена прими пет пати повеќе дожд од годишниот просек, што придонесе големи количества вода да се слеваат по засеците на црвената карпа.
Улуру, што Абориџините го сметаат за свето место, е локалитет под заштита на УНЕСКО, а од 2019 година не смее да се искачува.