КАПИТЕНСКАТА ЛЕНТА ШТО РОНАЛДО ЈА ФРЛИ ВО БЕЛГРАД СЕ ПРОДАДЕ ЗА 64.000 ЕВРА, ПАРИТЕ ЌЕ ОДАТ ЗА ЛЕКУВАЊЕ НА ШЕСТМЕСЕЧНО БЕБЕ

Белград, (Н1)

Капитенската лента што Кристијано Роналдо гневно ја фрли во Белград се продаде на аукција за 64.000 евра, а парите ќе одат во фондот за лекување на шестмесечно бебе од Крагуевац.

Роналдо ја фрли лентата на тревникот откако во финишот на средбата со Србија не му беше признат регуларен гол што ќе ѝ донесеше победа на Португалија од 3:2. Потоа го напушти теренот, иако мечот сѐ уште не беше завршен. На стадионот немаше ВАР систем, за да се провери спорната ситуација.

Лентата ја собра еден пожарникар, кој вообичаено работи на обезбедувањето на натпреварите на стадионот „Рајко Митиќ“ и потоа ја понуди на аукција за помош во лекувањето на Гаврило Ѓурѓевиќ, кој боледува од спинална мускулна атрофија.