Дубаи додаде уште еден Гинисов рекорд откако го отвори највисокиот базен на светот.
Тој се наоѓа на 77. спрат, на висина од 293 метри во новоотворената кула „Адрес бич ресорт“, што е околу девет десетини од височината од Ајфелова кула. Импресивна е и неговата големина: долг е 94,84, а широк 16,5 метри, со што е речиси двојно поголем од олимписки базен и остава впечаток на големо езеро на небото.
Базенот е отворен само за гостите на хотелот постари од 21 година, но може да се посети и без да се фрлите во него. Во неверојатниот панорамски поглед на градот може да се ужива и така што ќе се резервира маса во азискиот ресторан „Зета 77“, кој исто така се наоѓа на 77. спрат.
„Адрес бич ресорт“ е дел од проект кој ја вклучува и соседната кула со идентична височина „Адрес бич резиденсис“ и тие се поврзани со мост што се протега од 63. до 77. спрат. Целиот комплекс се состои од 217 хотелски соби и апартмани и 478 станови.