НАЈГОЛЕМИОТ РУСКИ ДИЈАМАНТ МОЖЕ ДА СЕ ПРОДАДЕ ЗА 20 МИЛИОНИ ДОЛАРИ

Женева, (Ројтерс)

Најголемиот дијамант кој некогаш бил ископан во Русија, 100,94-каратен скапоцен камен наречен „Алроса спектакл“, ќе биде ставен на аукција во Женева.

На аукцијата што „Кристис“ ја организира на 12 мај, дијамантот може да постигне цена меѓу 12 и 18 милиони швајцарски франци или речиси 20 милиони долари.

„Овој прекрасен стокаратен дијамант бил исечен од груб камен кој тежел над 200 карати. Откопан е во 2016. Беа потребни една година и осум месеци да се избруси овој прекрасен дијамант“, изјави Мари-Сесил Сисамоло од „Кристис“.