НЕПАЛСКИ ШЕРПАС ГО ИСКАЧИ МОНТ ЕВЕРЕСТ ПО РЕКОРДЕН 25. ПАТ

Катманду, (АП)

Непалски шерпас го подобри сопствениот светски рекорд, откако по 25. пат се искачи на Монт Еверест. Ками Рита стигна на врвот со уште 11-мина свои колеги и тие се првата група планинари кои оваа сезона се искачија на „покривот на светот“. Тие попат ја подготвуваа патеката за стотици странски планинари кои ќе се обидат да се искачат на Монт Еверест во текот на овој месец.

Еверест цела година беше затворен за искачувања и од непалската и од кинеската страна поради пандемијата на коронавирусот. Непал за оваа сезона издаде 408 дозволи за искачување, но моментално се соочува со ново големо ширење на заразата, што за првпат стигна и до базниот камп.

Педесет и едногодишниот Рита, чиј татко бил меѓу првите шерпаски водичи, првпат се искачил на Монт Еверест во 1994 и оттогаш го повторил тоа речиси секоја година. Тој е еден од многутемина шерпаски водичи чии вештини и стручност се од витално значење за безбедноста и успехот на стотици планинари кои секоја година доаѓаат во Непал.