„Прл џем“ објави уникатна дигитална колекција од 186 настапи во живо, која вклучува 5.404 песни.
Протегајќи се на две децении, колекцијата наречена „Длабоко“ (Deep) им овозможува на фановите да пристапат до концертите што групата ги одржа на турнеите во 2000, 2003, 2008 и 2013 година. Покрај концертите, колекцијата содржи и неколку компилации.
Почнувајќи во 2000, „Прл џем“ објави официјална снимка од речиси сите свои концерти, било на диск, било во дигитална форма. Групата ќе има можност да ја прошири колекцијата кога во јуни следната година конечно ќе го почне европскиот дел од турнејата „Гигатон“, насловена според нејзиниот последен албум, што оригинално требаше да се случи лани, па беше презакажана за ова лето.