КИНОТЕКАТА ГО ОТВОРА СВОЕТО ЛЕТНО КИНО СО ФИЛМОВИТЕ ОД ФЕСТИВАЛОТ „ВЕЧЕРИ НА ЖЕНСКИ ПРАВА“

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Фестивалот „Вечери на женски права“ ќе се одржи од 14 до 16 мај во летното кино на Кинотекатa. Ќе има проекции на три документарни филма. Влезот ќе биде бесплатен, а во случај на дожд, проекциите ќе се одржат во киносалата на Кинотеката. Со овој фестивал почнува со работа и нејзината летна сцена.

„Вечери на женски права“ е настан кој од 2010 се организира на различни локации во Скопје и нуди алтернатива за прославувањето на 8 Март.

Според програмата, на 14 мај ќе се прикаже филмот „Форте“ во режија на Дејвид Донели, следниот ден е „Денот на жената“ на Долија Гавански, а на 16 мај ќе може да се погледне „Тоа е тинејџерски свет – Вмрежени за секс, лаги и игри на моќ“ на Лин Глазиер. Фестивалот го организираат Институтот за човекови права и „Авард филм и видео“.