СКОПСКИ УЧЕНИЦИ ГИ СОЗДАДОА ПРВИТЕ СТИКЕРИ СО МАКЕДОНСКИ ЗНАКОВЕН ЈАЗИК ЗА ВИБЕР

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Учениците од државниот центар „Партенија Зографски“ во Скопје учествуваа во изработката на првите стикери со македонски знаковен јазик за комуникациската платформа „Вибер“, со цел да се поедностави мрежната комуникација помеѓу младите со оштетен слух и говор, но и да им се доближи овој јазик на сите други корисници.

Во изработката на стикерите учествуваа учениците од државниот центар „Партенија Зографски“

Во рамките на проектот ,,Одговорна иднина”, во училиштето се одржаа повеќе работилници за графички дизајн под менторство на Јана Марковска, на кои учениците ги создадоа своите први персонализирани стикери. Работилниците се реализираа со логистичка помош од педагогот и толкувач Викторија Волак. Во создавањето на стикерите е користена модернизирана дворачна знаковна азбука, изработена од Лазар Ѓиков, поранешен ученик во „Партенија Зографски“.

Проектот ,,Одговорна иднина” е во организација на Македонското модно здружение.