ТВ-сериите се надминуваат во квалитет со секоја наредна сезона и во нив сега се посветува внимание и на најмали детали, вклучувајќи ја и модата на главните ликови.
Дознајте кои стилови од омилените телевизиски серии од 2017 година ги воодушевија модните критичари.
Најдобро користење на винтиџ стил: принцезата Маргарет во серијата „Круната“
Ванеса Кирби, актерката која ја игра принцезата Маргарет, ја освојува модната сцена во втората сезона на серијата „Круната“.
Во почетокот на 60-ите, сестрата на кралицата го одбива конвенционалниот изглед со тесните корсети и се препушта на младешкиот и еманципиран дух со кратки и нежни слоеви, доминантна карактеристика на нејзината гардероба.
Најдобро позиционирање на јака: Роуз Хантли во „На должност“
Една од необичните карактеристики која му остави впечаток на критичкото око на модната сцена беше начинот на којшто актерката Тенди Њутон ја носеше јаката, независно oд тоа дали се работеше за блуза или за спортско сако. Како што серијата се развива, така и нејзината јака расте, претставувајќи ги нејзините супериорност и сексипилност.
Најпрогресивна пост-хипстерка: Франческа во „Ничиј мајстор“
Охрабрувачки беше да се гледа како гардеробата на Франческа во „Ничиј мајстор“ го отсликува најзиното созревање, од бесмислените одлуки на 20-годишна девојка кон позрелото однесување. Последните додатоци на гардеробата за втората сезона доаѓаат од Сен Лорен, Мезон Кицуне и Ами.
Најдобро користење на Икеа: Џон Сноу во „Игра на тронови“
2017 беше годината кога Икеа во некои моменти го достигна врвот на модата, а како едно од најуспешните креации е токму бушавата наметка на Џон Сноу. Очекувајте армија од Квистбро елементи во последната сезона.
Херој на џемпери: Селесте од „Големи мали лаги“
Сигурно Селесте има поважни работи на ум од нејзината гардероба, но, едноставно, не можеше да им се одолее на прекрасните џемпери. Карамел ролката ги одушеви сите во Монтереј. Елементот на џемпери на Кидман ќе продолжи и во 2018 година, со втората сезона на „Големи мали лаги“.