„ЛАМБОРГИНИ“ ПЛАНИРА СИТЕ НЕГОВИ МОДЕЛИ ДА БИДАТ ЕЛЕКТРИЧНИ ДО 2024

Рим, (Гардијан)

„Ламборгини“ објави дека до 2024 година целосно ќе се префрли на производство на хибридни и електрични суперавтомобили. Италијанската компанија, која е во сопственост на „Фолксваген“, планира да инвестира 1,5 милијарди евра во новата технологија.

Од компанијата кажаа дека нејзините сегашни модели „урус“, „хуракан“ и „авентадор“ ќе бидат хибриди до 2024, а нови целосно електрични модели ќе бидат лансирани до крајот на деценијата.

„Планот за електрификација ќе ја однесе компанијата во поодржлива иднина, додека истовремено, секогаш ќе остане верна на својата ДНК. Она на што најмногу треба да работиме е дометот“, изјави претседателот на „Ламборгини“, Штефан Винкелман.

Засега е нејасно каква форма ќе имаат новите електрични модели.

„Веројатно ќе бидат со четири седишта. Во поглед на дизајнот, колите со две врати се посекси“, кажа Винкелман.

„Ферари“ најави дека првиот целосно електричен модел ќе го лансира и порано, во 2025.