ЕДНА ОД НАЈПОЗНАТИТЕ САЛИ ВО ШВЕДСКА ЌЕ ГО НОСИ ИМЕТО НА ДИЏЕЈ АВИЧИ

Стокхолм, (АП)

Една од најпопуларните сали во Шведска, „Ериксон глоуб“, ќе биде преименувана во „Авичи арена“. Веста ја објави таткото на диџеј ѕвездата, чие вистинско име е Тим Берглинг, кој се самоуби во 2018 во екот на најголемата светска слава.

Салата е отворена во 1989 и до 2009 беше позната како „Стокхолм глоуб арена“.

„Значаен настан во кариерата на Тим беше кога настапи во таа сала пред девет години. Тој ќе беше многу горд што овој култен објект ќе го носи неговото име“, изјави неговиот татко Клас Берглинг.

Арената има 16.000 седишта, а сега, според најавите, ќе се користи и како центар за активности за менталното здравје на млади лица.