Продуценти од Бродвеј работеа на огромната поставка на изложбата на Винсент ван Гог на Менхетн во простор од 21.336 квадратни метри. Продуцентите на „Извонредниот Ван Гог“ го ангажираа дизајнерот Дејвид Коринс, добитник на Тони и Еми награди, за една од најголемите изложби на холандскиот уметник.
„Тие сакаа најголемо, најмодерно. Сакав навистина да се потрудам и да најдам начин како луѓето во 2021 да го запознаат Ван Гог како човечка личност“, вели Коринс, кој е голем обожавател на уметникот.
Коринс додаде инсталација на таванот во која со 8.000 четки за боја се репродуцира „Ѕвездената ноќ“ и станица која користи вештачка интелигенција и им дава на посетителите персонaлизирано писмо од Ван Гог, како и можност заедно со него да насликаат дело на нивните телефони.
Изложбата веќе беше претставена во Сан Франциско, Чикаго, Торонто и Париз, а ќе патува и во Лос Анџелес, Далас и Лас Вегас.
Срцето на изложбата е иста во секој град, 38-минутен дигитален филм кој се проектира на ѕидовите и на подот со фотографии од делата на Ван Гог.