По шестмесечната пауза поради ковид рестрикциите, утре повторно со работа почнува киното Милениум.
На репертоарот се новото продолжение на филмската сага „Брзи и бесни“, „Денови на гнев“ од Гај Ричи, драмата „Шарлатан“, современата верзија на класичниот роман на Чарлс Дикенс „Твист“ и шведскиот анимиран филм „Безопашестиот Пеле“.
Билетите се достапни на билетарницата по цена од 150 денари. Киното препорачува електронска набавка на билети, како и бесконтактно плаќање доколку билетот се купува на билетарницата.
Протоколот за киното е објавен на неговата веб-страница, во кој, меѓу другото, се истакнува дека маските за задолжителни за време на целиот престој внатре и забрането е групирање.