42. СКОПСКО ЛЕТО СЕ ОТВОРА СО КОНЦЕРТОТ „ОД ОРКЕСТАРОТ ЗА ПУБЛИКАТА“

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Четириесет и второто издание на Скопско лето почнува вечерва, традиционално на првиот ден на летото и Светскиот ден на музиката.

Манифестацијата ќе се отвори со операта без зборови „Од оркестарот за публиката“, што ќе се изведе во Салонот на Националната опера и балет од 21 часот. Диригенти се Бисера Чадловска и Иван Еминовиќ, а режисер Трајко Јордановски.

Ќе се изведат дела од Маскањи, Мусоргски, Пучини, Чајковски, Гуно, Леонкавало, Белини и Верди.

Билетите по цена од 300 и 400 денари се продаваат на билетарницата на НОБ и онлајн.