Македонската скејтерска заедница вечерва ќе го одбележи Меѓународниот ден на скејтбордингот (Go Skateboarding Day) со настан посветен на еден од своите идоли и најистакнати членови, Филип Матески.
Мате, кој почина минатиот месец по тешко боледување, беше еден од пионерите и најголеми промотори на скејтбордингот во Македонија.
„Skate for Mate“ ќе се одржи во Градски парк во Скопје со почеток во 19 часот. Плочникот пред споменикот на Гоце Делчев е едно од омилените збиралишта на скејтерите во главниот град, каде што често можеше да се сретне и Мате.