Краткиот филм „Проблемот на Тина“, по сценарио на Румена Бужаровска, во режија на Радован Петровиќ, на 30 јуни (21 часот) премиерно ќе се прикаже во паркот на МКЦ во Скопје.
Филмот е во продукција на „Партизанс“ и зборува за 22-годишната Тина, која откако ја губи невиноста, оди на првиот гинеколошки преглед.
Играат Душица Настова, Жаклина Стефковска, Јордан Симонов, Тамара Ристоска и Емилија Мицевска-Трајковиќ. Продуцент на филмот е Роберт Насков, директор на фотографија е Андреј Лембанов, сценограф Илина Ангеловска, а костимограф Жаклина Крстевска. Монтажери се Петровиќ и Вардан Тозија. Филмот е финансиран од Агенцијата за филм.
По премиерата, следува диџеј сет на Настасја Киш. Влезот е слободен, но со ограничен број на бесплатни билети, кои се достапни на билетарницата во МКЦ и преку bileti.mkc.mk.