ШАКИРА ЈА ОДЛОЖИ СВЕТСКАТА ТУРНЕЈА ПОРАДИ ПРОБЛЕМИ СО ГЛАСОТ

Барселона, (АФП)

Колумбиската поп ѕвезда Шакира го откажа преостанатиот дел од нејзината светска турнеја поради проблеми со гласните жици и рече оти се надева дека ќе се врати на сцената во јуни 2018 година.

„Иако многу се надевав дека ќе можам да ги заздравам моите гласни жици на време, за да ја отворам турнејата во јануари, прифатив дека ова е повреда, на која едноставно ѝ треба повеќе време и грижа за да се излечи”, стои во изјавата на Шакира, објавена на нејзината веб-страница.

Шакира во ноември ги откажа европските гостувања од нејзината светска турнеја „Ел Дорадо“. Таа се надева дека ќе ја продолжи турнејата во јуни, со концерти во Европа, САД и Јужна Америка. Според плановите, таа треба да заврши на 6 септември во Сан Хозе, Калифорнија.

„Навистина не можам да чекам до јуни! Ветувам дека ќе ви дадам сѐ од мене и повеќе и ќе ги бројам деновите до првото шоуто”, кажа Шакира.