НА ГАЛИЧНИК ФИЛМ ФЕСТИВАЛ ЌЕ СЕ ПРИКАЖАТ 26 КРАТКИ ФИЛМОВИ НА НАДМОРСКА ВИСОЧИНА ОД 1.500 МЕТРИ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

На надморска височина од 1.500 метри, од денеска до 8 август ќе се одржува второто издание на Галичник филм фестивал. Филмовите ќе се прикажуваат под отворено небо во амфитеатарот Упија.

Во програмата на фестивалот посветен на краткометражниот филм се 26 филмови од автори од цел свет, поделени во три категории: игран, документарен и анимиран. Меѓу нив е и добитникот на оскар за најдобар краток филм „Кожа“ на Гај Натив.

Ќе бидат застапени и домашните автори. Фестивалот се отвора со „Налепница“ од Георги М. Унковски, а ќе се прикаже и „Кавал“ на Саша Станишиќ.

Проекциите на сите филмови се бесплатни. Фестивалот го организираат „Дарма филм“ и Месна заедница Галичник.