„Ганс ен роузис“ ја објави студиската верзија на својата прва нова песна по 13 години пауза, „Absurd“, која пред три дена ја свиреше на концертот во Бостон.
Таа произлезе од песната „Silkworms“, што клавијатуристите Дизи Рид и Крис Питмен ја напишале во 2001 година за време на подготовките на албумот „Кинеска демократија“, кој по многу одложувања конечно излезе во 2008. Песната сега е објавена во сосема нова верзија и со друг наслов.
„Absurd“ е и првата оригинална песна на „Ганс ен роузис“ од 1991 која ги вклучува пејачот Аксл Роуз, гитаристот Слеш и басистот Даф Мекејган.