Полската атлетичарка Марија Андрејчик ќе го стави на аукција сребрениот медал освоен на Олимписките игри во Токио, со цел да се соберат средства потребни за операцијата на еден нејзин млад сограѓанин. Дваесет и петгодишната фрлачка на копје веднаш по Олимпијадата кажа дека планира да го продаде медалот за хумани цели.
„Не ми требаше многу време да се одлучам. Тоа беше првата акција за собирање средства што ја видов и веднаш знаев дека е вистинската. Бебето Милошек има сериозна срцева мана и има потреба од операција. Сребрениот медал ќе го продадам за него“, изјави Андрејчик.
Малиот Милош има ретка комбинација на проблеми со срцето и вените и единствената надеж за преживување му е скапа операција во САД, која чини околу 330.000 евра.
Андрејчик и самата знае како е да се бориш со тешка болест. Пред три години ѝ беше дијагностициран рак на коски поради кој помина низ операција и хемотерапии, по што му се врати на спортот. Иако беше главен фаворит за злато во Токио, на крајот мораше да се задоволи со второто место, зад Кинеската Шијин Лиу.