Србија го претстави дизајнот на својот нов национален стадион, чија изградба ќе чини 257 милиони евра.
„Стадионот ќе се наоѓа на подрачјето на белградската општина Сурчин. На површина од 114 хектари ќе се гради еден од најмодерните стадиони во Европа, кој ќе мора да исполни прецизни и строги стандарди на УЕФА и ФИФА“, изјави Божидар Бојовиќ од Урбанистичкиот завод на Белград.
Стадионот веројатно ќе се вика „Србија“ и ќе има капацитет од 52.000 гледачи. Се очекува да биде завршен до 2025 година.