Патувачката изложба „Рафаело: Опера омниа“ со музејски репродукции на 14 од најпознатите портрети од ренесансниот мајстор Рафаело Санти од денеска е отворена во Археолошкиот музеј на Северна Македонија. Со оваа изложба се одбележа почетокот на Неделата на италијански јазик во светот, во организација на Амбасадата на Италија во Скопје.
„Доживувањето на секој од ликовите претставени на портретите е уникатна лична средба со современик или соговорник и тоа е најсилната причина поради која се зголемуваат воодушевувањето и длабоката почит пред грандиозноста на сликарскиот талент на Рафаело“, рече директорката на Археолошкиот музеј, Славица Бабамова, на синоќешното отворање.
Амбасадорот Андреа Силвестри рече дека ова не е само изложба, туку и патување низ времето, емоции и изрази на личности прикажани толку верно од магичните раце на Рафаело. Минатата година, Италија ја одбележа 500-годишнината од неговата смрт.
Две од копиите се изложени во најпосетуваниот музеј во Европа, Лувр, а останатите во најпознатите италијански галерии во Рим, Фиренца и Урбино. Изложбата ќе трае до 20 декември, а влезот е слободен.