ТУРСКИ ТЕАТАР ИМА ПРЕМИЕРА НА ДЕТСКАТА ПРЕТСТАВА „РАПУНЗЕЛ“

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Турскиот театар во Скопје, кој ги користи просториите на Театар Комедија, денеска од 14 часот премиерно ќе ја изведе претставата за деца „Рапунзел“ од браќата Грим. Адаптацијата и режијата се на Џабир Доко.

Играат Инес Радончиќ (Вештерката), Ебру Мусли (Младата жена), Јеткин Сезаир (Младиот човек), Жале Османи (Рапунзел), Метин Ибрахим (Принцот) и Дин Ибрахим (Змејот).

Сценографијaта е на Татјана Блажевска-Христоска, а костимографија на Розе Трајческа-Ристевска.