Кинотека на Северна Македонија в петок (12 часот) ќе го одбележи излегувањето на 60. број на „Кинопис“, списанието за историја, теорија и култура на филмот и другите уметности, кое излегува, единечно или како двоброј, еднаш до двапати годишно. Презентери ќе бидат филмологот Атанас Чуповски и Петар Волнаровски, главен и одговорен уредник на „Кинопис“.
„Кинопис“ е наследник на магазинот „Кинотечен месечник“, кој излегуваше од 1977 до 1987 и за македонската филмска историја и теорија има статус на „Филмски тетратки“, легендарниот француски филмски магазин. Првиот број на „Кинопис“ излезе во 1989 година.
Кинотеката на својот сајт ги има приложено сите изданија на „Кинопис“ од првиот до 55/56. број во ПДФ-формат.