МАКЕДОНИЈА ДОБИ ШАМПИОНИ ВО ФРЛАЊЕ АВИОНЧИЊА ОД ХАРТИЈА, ЌЕ ОДАТ НА СВЕТСКОТО ФИНАЛЕ ВО АВСТРИЈА

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Моника Ангеловска и Никола Костадиновски ќе ја претставуваат Македонија на светското финале на Red Bull Paper Wings во Австрија откако станаа национални шампиони во фрлање авиончиња од хартија.

Ангеловска славеше во категоријата времетраење на лет откако нејзиното авионче се задржа во воздух шест секунди и 19 стотинки. Костадиновски беше најдобар во категоријата дистанца со летот од 25,95 метри.

Последниот учесник од Македонија ќе го даде онлајн натпреварувањето аеробатика, за што треба да се сними креативно видео на Инстаграм не подолго од 30 секунди. Пријавувањето трае до 21 април.

Квалификациите се одржаа во спортскиот центар „Форца“, а најдобрите 12-мина од двете категории настапија на финалето во „Ист гејт мол“. Светското финале е на 13/14 мај во „Хангар 7“ во Салцбург.