Режисерот на хит серијата „Игра на лигни“, Хванг Донг-бјук, изјави дека ќе прави филмска адаптација на романот на Умберто Еко, „Killing Old People Club“, за која вели дека ќе биде многу контроверзна.
„Филмот ќе биде понасилен од ‘Игра на лигни‘. Можеби ќе треба да се кријам од стари луѓе откако ќе излезе филмот“, изјави Хванг, додавајќи дека работен наслов на проектот е „K. O. Club“.
Тој истовремено ја пишува втората сезона на „Игра на лигни“, за која се надева дека ќе има премиера на „Нетфликс“ во 2024. Вели дека најголемиот комплимент за серијата го добил од Стивен Спилберг.
„Ми кажа дека ја изгледал целата серија за три дена и сега сака да ми го украде мозокот. Тоа е најголемиот комплимент што сум го добил во животот зашто пораснав со неговите филмови“, изјави Хванг.